Пет одлични македонски Android апликации

Македонските програмери се многу активни во последниот период лансирајќи повеќе апликации за Android од кои голем дел се наменети за странскиот пазар но, може да се најдат и голем број на апликации исклучиво наменети за македонските корисници, па ви претставуваме дел од нив.

Пијам Oдговорно - screenshot
Една од најкорисните и најинтересни апликации е Пијам одговорно која има за цел да пресмета колку имате испиено алкохол и доколку сте го пречекориле дозволеното ниво автоматски ви повикува такси. При секое внесување на количината на испиен алкохол апликацијата ви испраќа смешни пораки со цел да ве забавува.
Najdi go gradot - screenshot
Следна апликација со која ќе имате многу забава e интерактивната игра Најди го градот. На апликацијата се прикажува мапата на Република Македонија и вие треба да го погодите посочениот град со што добивате поени, а може да ја играте и со други корисници.
Vizuelna govorna poshta - screenshot
Визуелна говорна пошта е една од апликациите изработени за Македонски телеком и служи за полесен преглед на пораките во говорното сандаче кога не сте достапни. Пораките кои ви доаѓаат може да ги преслушате исто како mp3 фајлови, а тие ќе се прикажуваат со контактот кој ви е мемориран во именикот. Пораките може да се бришат штом ќе ги прочитате, а на нив се прикажани сите важни информации како име, датум и време на повикување.
Jadi.me NEW - screenshot
Јади ме е една од најновите македонски апликации за Android и има одличен и модерен дизајн. Апликацијата служи за пронаоѓање на ресторани низ Македонија, како и приказ на најдобрите јадења. Сите ресторани се поделени во повеќе категории, а за истите има приказ на мапата како и контакт информации. Со апликацијата Јади ме има можност за директно порачување храна од пронајдениот ресторан без потреба да се јавувате.
eIspiti - screenshot
За на крај ја оставаме и апликацијата Е-испити изработена за потребите на сите корисници кои се подготвуваат за полагање на возачки испити. За апликацијата не е потребен интернет и може да направите повеќе тестови за да го проверите вашето знаење. Прашањата треба да ги одговорате редоследно и не може да се вратите на почетокот, а исто така има коментари дека сите одговори не се точно внесени, но сеедно ќе добите приказ на тоа како изгледа тестот при полагање на возачкиот испит.
Teкстот е обкавен во соработка со Telefoni.mk
- Реклама -