Пет нешта што ќе ги одбележат Олимписките игри во Токио во 2020

141119124528-tokyo-olympic-stadium-zaha-hadid-horizontal-large-gallery[1]

Одбројувањето до Летните олимписки игри во 2020 година почнува уште од денес – Олимпиското знаме од Рио де Жанеиро стигна во Токио.

Контрастот меѓу овогодинешниот и идниот домаќин не може да биде поголем: наместо самба, на улиците веројатно ќе има роботи и автономни автомобили без возачи.

Пет нешта што ќе ги карактеризираат игрите:

Хај-тек Игри 

robothotelhennana3_3377399b[1]

Кога Токио прв пат беше домаќин на ОИ, во 1964 година, Игрите го симболизираа опоравувањето на Јапонија од разорништвото во Втората светска војна, и нејзиното враќање во меѓународната заедница. Возот со голема брзина Шинкансен („куршум“), чие прво поаѓање се случи истата таа година, стана симбол на технолошката сила на Јапонија.

Пола век подоцна, Токио е еден од најфутуристичните градови во светот: од системот на смарт-карт возови кој работи точен како часовник, до електронските веце-а со греачи на седиштата кои ги збунуваат туристите: „Како ли се пушта вода овде?“.

Јапонија пак, планира Игрите во 2020 да ги употреби за да се пофали со својата најнова и најнапредна врвна технологија, со роботи, со инстант-преводи на разни јазици, со самоуправувачки возила и со телевизиски екрани со резолуција HD 8K.

Снаоѓање и ориентација

ap-dizajn-za-novi-olimpijski-stadion-u-tokiju_14615974302[1]

Игрите во Токио нема да бидат компактни како што се ветуваше. Иако првобитниот план беше сите натпревари да се одржуваат во круг од само осум километри околу Олимпиското село, сепак нема да биде така.

Во обид да се намалат трошоците, неколку спортови – како што се кошарката, бициклизмот и теквондото, се преместени во постоечките објекти вон Токио, со цел да се избегне изградба на нови.

Сепак, сообраќајот до нив ќе се одвива преку густата мрежа од подземни железници и возови во Токио. Вистинскиот предизвик нема да биде како да се стигне до нив, туку како посетителите ќе се снајдат со ориентацијата во таквиот комплексен систем на сообраќај, кој може да биде прилично збунувачки.

Нови спортови

Игрите ќе изгледаат поинаку и од спортска перспектива. Бејзбол и софтбол, сурфање, скејтбординг, карате и спортско качување – сите ќе бидат додадени во програмата.

Бејзболот и софтболот, кои се враќаат по прв пат од 2008 година, како и каратето, се мошне популарни во Јапонија. Сурфингот, скејтбордингот и спортското качување се додадени во обид да се привлечат младите генерации на спортисти и навивачи.

Скандали

ap-dizajner-asao-tokolo-predstavlja-logo-olimpijskih-igara-u-tokiju-2020-godine_14615974798[1]

Се чини дека има непишано правило сите Олимписки игри да имаат свои скандали, па ни Токио нема да биде исклучок.

Работата на новиот главен стадион доцни, главно зашто владата отстапи од првичниот проект, заради наглото зголемување на трошоците.

Скандал имаше и со првичното бучно најавувано и фаленолого на Игрите, од кое Јапонците се откажаа заради тврдењата дека е плагијат.

Преместувањето на некои натпревари од новите објекти за нивно одржување – на старите борилишта, на Јапонија ќе ѝ спаси две милијарди долари, но и натаму се очекува дека вкупните трошоци далеку ќе ги надминат првичните проценки.

Организациониот комитет на Токио призна дека оперативниот трошок околу Игрите ќе биде значително поголем од предвидените 3 милијарди долари, со колку што Токио се кандидираше за игрите. Комитетот не излезе со нова процена, а згора на тоа, во тие трошоци не се вклучени изградбите на новите спортски објекти и другата инфраструктура поврзана со Игрите.

Земјотреси 

Згора на сé, во Токио ќе присуствуваат (како и секогаш) и силите што се надвор од секаква контрола.

Токио редовно го потресуваат умерени земјотреси. Тие ретко предизвикуваат било каква штета, а за тоа е заслужен и самиот град, во кој зградите се проектирани да издржат и посилни удари. Сепак, експертите предупредуваат дека голем земјотрес може да се случи во било кој момент.

Брегот на североисточна Јапонија беше уништен во 2011 кога подморскиот земјотрес со магнитуда од 9,0 степени предизвика цунами од кое загинаа повеќе од 18.000 луѓе и кое предизвика топење на нуклеарните јадра во три реактора на електраната Фукушима 1.

Во Токио немало голем земјотрес скоро цел век – земјотресот со магнитуда од 7,9 степени по Рихтер од 1923 година,  и пожарите што тој ги предизвика, тогаш убија најмалку 140.000 луѓе. Дали следниот земјотрес е на пат и колку доцни – не се знае, но ако се случи, тоа нема да биде воопшто добро за Олимписките игри. А 2020 би бил убав јубилеј што еден пакосен земјотрес би го избрал за време за напад – безмалку 100-годишнина, а башка и Олимписки игри.

- Реклама -