Пет неочекувани нешта кои можат да ви ги променат ставовите

Обично луѓето преферираат да мислат дека нивните избори и ставови се независни, постојани и непроменливи. Но, трговците и научниците знаат и нешто повеќе – колку лесно и незабележливо може да го натераме нашиот ум да ги промени ставовите:

1. Температурата влијае на желбите за филмови

single-friends-watching-movies

Ако се погледне листата на најпопуларните романтични филмови, ќе забележите дека најмалку половина излегле во ноември или декември, додека пак авантуристичките блокбастери заработуваат главно во текот на летото. Прилично е едноставно – студеното време ја охрабрува романтиката.
Научниците спровеле експеримент со неколку волонтери. Групата која била заклучена во студена просторија каде им бил принесен чај со мраз преферирала да гледа романтична комедија. Втората група била сместена во топла соба, пиејќи топол чај, а преферирала да гледа акција.
Научниците веруваат дека ваквата реакција е само обид на мозокот да го загрее телото, бидејќи луѓето ја поврзуваат топлината со интимноста со други луѓе.

2. Повеќе ги сакаме нештата што можеме да ги допреме

woman-shopping-clothing-sale

Затоа мудрите келнерки понекогаш „случајно” ги допираат рацете на клиентот, знаејќи дека ќе добијат повеќе бакшиш, политичарите се поздравуваат со гласачите, а трговците буквално ги ѕиркаат стоките во нашите раце. Оваа реакција е манифестација на сетилната контрола над умот. Луѓето се повеќе склони да купат нешто што можат да го допрат, а најчесто не им пречи дури и ако треба да платат за тоа повеќе. Истото може да важи и за вкусот на храната – се вели дека е повкусно кога се јаде со раце.

3. Вашето име може да влијае на текот на животот

mom-self-branding-011

Звучи смешно, но многу луѓе преферираат да живеат или посетат градови чие име има делумна или целосна сличност со нивното сопствено име. На пример, во Софија, најпопуларно женско име е, погодивте, Софија. Ова се нарекува алфанумерички ефект на имињата, а може да влијае врз целиот наш живот. Докажано е дека луѓето се повеќе склони да гласаат за политичари чие име започнува со истата буква како нивното сопствено име. Луѓето чие име започнува со „Н“ се повеќе склони кон Nike отколку Adidas. Шансата да ве вработат расте ако вашето име почнува со истата буква со која почнува името на работодавачот. Тешко може да се поверува, но нашиот мозок е егоистичен и е склон повеќе да му се допаѓаат нештата што не асоцираат на самите нас.

4. Гестовите можат да бидат манупулирани

Workgroup laughing

Факт е дека мислиме со мозокот, но го користиме целото тело за да комуницираме со светот. Чест гест е да ја допреме главата (и дури да се почешаме), кога се обидуваме да се сетиме на нешто … и на крајот да успееме. Нашата меморија е програмирана да го признае гестот.
Експерти од универзитетот во Хертфордшир го спровеле следново истражување: Доброволците биле замолени да одговорат на прашања во врска со претходно изгледано видео. За време на интервјуто, научниците вметнувале лажни гестови, како чешкање по брадата, додека ги прашувале испитаниците дали херојот од видеото има брада, и движења со раката, прашувајќи дали херојот има рачен часовник. Мнозинството испитаници поверувале дека човекот во видеото ги имал и двете, но во реалноста – ги немал.
Сличен метод се користи од страна на политичарите и адвокатите, кога ги штитат своите гледишта. Забележете колку често тие го поддржуваат својот говор со гестови. Има дури цели учебници за тоа.

 5. Кога многу мислиме …

550px-Stop-Thinking-About-Certain-Things-Step-4

Истражувачите го направиле следниот експеримент: тие прашале две групи млади луѓе за тоа на кој универзитет сакаат да студираат, која е нивната омилена марка и која е нивната омилена храна. Едната група била замолена да одговори со првото нешто што им доаѓа на ум, а другата група – да ги разгледа внимателно одговорите. Колку повеќе размислувале, толку повеќе испитаниците биле збунети.
Факт е дека кога размислуваме за одговорот, можеме лесно да го помешаме нашиот избор со логичниот. Ако на пример, пробаме пет вида слатко, можеме спонтано да одлучиме дека највкусно е број 4, и овој избор е речиси независен од нас, бидејќи се базира на неверојатен износ фактори – од температурата и времето на денот до скриените спомени од бебешките години. Ако треба да го образложиме нашиот избор, постои веројатност да дојдеме до заклучок дека број 1 содржи повеќе овошје, а број 2 има поубава боја. Овие два атрибута не влијаат на нашето задоволство, едноставно се обид да изградиме логички синџир за да го докажеме вашиот избор. Често, ваквото користење на логиката води кон самоизмама.
Една од стапиците за мозокот кој компаниите безмилосно ја користат, е да ве замолат да го споделите она што не ви се допаѓа во нивниот производ, наводно за да го подобрат квалитетот. Тие знаат дека порано или подоцна, додека логички размислувате, ќе стигнете до ќорсокак и нема да можете да најдете логична причина да не го купите нивниот производ.

 

- Реклама -