Пет намирници и храни кои се помасни и од путер

Иако можеби путерот е поздрава варијанта во споредба со маргаринот (со акцент на „можеби“), сепак го бие лош глас поради високата концентрација на заситени масни киселини, кои пак се поврзуваат со зголемен крвен притисок и лош холестерол во крвта. Сепак, путерот не е најлошото што можете да го намачкате на кришка леб. Еве пет други намирници/храни кои се помасни од путер:

1. Кокосово масло

Во една лажица кокосово масло се наоѓаат дури 11.8 грама заситени масни киселини, што го прави рекордер во категоријата на намирници со висок удел на заситени масти. Наместо кокосовото, подобро е да користите сончогледово или маслиново масло.

2. Козјо сирење

Мекото козјо сирење е фино за размачкување на леб, но во едно сервирање (околу 30 грама) има дури 6 грама заситени масни киселини. Затоа е најдобро да го јадете само повремено.

3. Млеко со намалена масленост

Знаеме дека млекото е преполно со масти, но за многумина веројатно ќе биде изненадување дека дури и млекото со намалена масленост – на пример од 2%, и понатаму значително ги надминува правилата на здравата исхрана. Во 200 милилитри од ова млеко, се наоѓаат околу 3% масни киселини.

4. Путер од кикирики

Помасен од обичниот путер е и путерот што се прави од кикирики. Во две лажици од овој американски десерт, кој се прошири и во домашните менија, се наоѓаат околу 3.4 грама заситени масти.

5. Темно чоколадо

Дури и ако се држите до разумна конзумација на чоколадо, 30 грама од овој десерт и натаму содржат 6 грама заситени масни киселини, што е отприлика дупло повеќе отколку што содржи путерот.

 

 

- Реклама -