Пет најскапи предмети на милијардери во историјата

Со наближувањето на крајот на годината од Wealth-X изготвиле рејтинг на најскапите 10 придобивки на милијардери во историјата. Кога парите на се проблем, милијардери, како главниот извршен директор на Oracle, Лари Елисон и рускиот тајкун, Алишер Усманов, не штедат средства за да ги задоволат своите апетити за луксузни средства како приватни острови или суперлуксозни јахти.

Рангирањето на Wealth-X покажува дека луксузните јахти се најпопуларните придобивки меѓу луксузните средства. Четири од петте милијардери кои спаѓаат во рангирањето, поседуваат јахти.

Петтата позиција во рангирањето е за рускиот милијардер Андреј Мелниченко и неговата јахта „A“, вредна 323 милиони долари. Масивната јахта е со должина од 120 метри и располага со базени, игралиште за слетување на хеликоптер и неколку дискотеки. Во гаражата на јахтата има место за мноштво чамци, а таа исто така може да биде претворена во дискотека.

На четвртата позиција е Јури Шефлер, сопственик на компанијата за алкохолни пијалоци SPI Group, и неговата јахта Serene.

Третата позиција е за уште една јахта, овој пат тоа е Eclipse,  на неговиот сопственик Роман Абрамович која чини 485 милиони долари. Неговата состојба пак се проценува на 12,4 милијарди долари.

Во 2012 година, главниот извршен директор на Oracle купи хавајски остров Лана за 500 милиони долари, како оваа набавка му го донесе второто место на листата.

Челната позиција во рангирањето ја зазема претседателот на Обединетите Арапски Емирати,  Калифа бин Зајед бин Султан Ал Нахен (ака Шеик Халифа), кој ка купува најголемата мегајахта во светот во 2013 година Azzam за 627 милиони долари. Според Wealth-X вредноста на јахтата изнесува на едвај 3,5 проценти од состојбата на шеикот, која се проценува на 17,9 милијарди долари.

 

- Реклама -