Пет најдобри напитоци за брзо губење на тежина

Ако сте решиле да го изгубите вишокот тежина, тогаш треба да знаете дека единствениот начин тоа да се постигне е комбинацијата на вежбање и урамнотежена и здрава исхрана.

Но, постојат и одредени пијалоци кои можат да го забрзаат процесот на горење на мастите и да ви помогнат да ја изгубите тежината побрзо.

Ова е листа од најефикасни напивки кои треба да ги вклучите во вашата исхрана и да ги пиете редовно ако сакате да ги изгубите килограмите брзо и природно, без употреба на разни апчиња или шејкови за слабеење кои можат да имаат несакани ефекти.

1. Сокови за детоксикација

Тие се најверодостоен сојузник во борбата против вишокот килограми, а можете лесно да ги направите во вашата кујна, од овошје, зеленчук или нивна комбинација. Познато е дека агрумите имаат моќни детоксикациони способности, па секако треба да ги додадете во напитоците. Храната богата со растителни влакна и антиоксиданси, како што е ѓумбирот, моркови и јаболка, исто така, се препорачуваат бидејќи го поттикнуваат варењето на храната.

Овие сокови имаат двоен ефект- помагаат да се ослободите од токсините, хемикалиите и другите опасни супстанци акумулирани во цревата, и да изгубите телесна тежина на брз и природен начин.

2. Сокови од зеленчук

Најдобриот вид на зеленчук за губење на тежината е онаа од родот на зелката, во која спаѓаат брокулата, карфиолот, ротквицата, кељот, бриселско зелје, зелка, крес и раштан. Без оглед на тоа дали ќе ги мешате со другите овошки и зеленчуци, оваа група на зеленчук ќе ви биде најдоброто оружје во борба против килограмите и чистењето од отрови. Дополнително добивка ќе биде борбата против слободните радикали и балансирањето на нивото на хормоните. Зелките се богати со природни фитокомпоненти, кои се совршени за намалување на насобраното масно ткиво, убажување на воспалителните процеси и контрола на шеќерот во крвта, поттикнување на метаболизмот како и обезбедување на темелна општа детоксикација.

3. Зелен чај

Зелениот чај е ценет поради бројните поволности, а губењето на тежина е само една од нив. Една чаша зелен чај дневно ќе ве снабди со антиоксиданси и ќе ви помогне да ги изгубите маснотиите побрзо и ќе го забрза метаболизмот. Одличен е за трошење на калории, како и за зголемено целокупно ниво на енергија и намалување на апетит.

4. Овошен сок- брусница и круша

Овошните сокови се вкусни и едноставни за подготвување, богати со хрансливи материи, витамини и минерали. Освен тоа, може да пиете многу комбинации на обошја, но крушката и брусницата се најефикасни и најбарани поради високото ниво на витамин Ц. Оваа комбинација ќе ги стимулира метаболизмот, ќе го зголеми нивото на енергија и ќе ги обезбеди есенцијалните витамини и протеини. Брусницата е неопходна за спречување на инфекции на мочниот меур. крушата ќе ве обезбеди со магнезиум, калиум, фосфор, витамин Ц и калциум.

5. Црно кафе

Ако се конзумира во умерени количини, црното кафе може да има мноштво здраствени придобивки- не само што содржи антиоксиданси кои се борат против слободните радикали и го намалуваат ризикот од одредени видови на рак, него може и да го намали ризикот од дијабетес и срцеви заболувања. Во исто време, кофеинот е идеален за стимулирање на метаболизмот и потрошувачката на калории. Но, ако сакате да изгубите тежина, треба да го пиете без млеко и шеќер.

- Реклама -