Секоја жена мора да има пет модели на обувки, кои може да ги носи неколку години, во различни сезони, советува една од најпознатите светски манекенки Алесандра Амбросио.
– Она што и е потребно на секоја жена се црни салонки со висока потпетица, обувки во боја на кожа, сандали со полна пета, како и кратки црни чизми. Покрај тоа, во зависност од годините, стилот и активностите, за секојдневните прилики можете да изберете балетанки или патеки, советува таа.
Притоа говори и за нејзиниот избор, кога станува збор за свечените настани и црвениот килим.
– Мој избор за црвениот килим се најчесто црни обувки на висока потпетица, а во текот на денот носам пријатни патики, вели 33 годишната манекенка, која има своја модна линија и блог.