Пет митови за девојките и науката

Постојат разни стереотипи кои кажуваат дека девојките не се снаоѓаат најдобро во математиката и науката, и дека тие две работи едноставно не се мешаат. Истражувањата им ставија крај на овие митови, но борбата да се докажат девојките во областите на науката, технологијата, инжењерството и математиката продолжува.

young-girl-classroom

1. Девојките не се заинтересирани

Мит: Во времето кога започнуваат со училиште, голем дел од  девојките се помалку заинтересирани за науката отколку момчињата.

Реалност: Во основното училиште отприлика е ист бројот на заинтересирани за наука меѓу момчињата и девојчињата. Една неодамнешна студија покажа дека 66 проценти од девојчињата и 68 проценти од момчињата се стекнале со љубов кон науката. Но нешто друго се случува во основно школо. Во второ одделение, кога на учениците (и машки и женски) им е кажано да нацртаат научник, повеќето цртаат бел маж во бел мантил. Секоја жена научник што е нацртана изгледала не многу среќна. Упорноста на стереотипите почнуваат да ги одбиваат девојчињата, а до осмо одделение, момчињата се дупло позаинтересирани за наука од девојчињата. Жените со високо образование во областите на науката имаат двапати поголема шанса да ја напуштат својата работа како научници или инжињери, отколку мажите со споредливо образование.

many-boys

2. Не ги привлекува мажите

Мит: Интервенциите на наставниците кои работат да го зголемат интересот на девојките за науката, ризикуваат незаинтересираност кај машкиот пол.

Реалност: Всушност, наставниците кои работат на зголемување на интересот кај девојките за науката, исто така го зголемуваат интересот и кај момчињата. Кога на девојките им се покажувани слики од жени научници и им се дадени повеќе можности за научниците кои можат да станат, момчињата пак добиваат порака- „и јас го можам ова!“

070530_boring_class_02

3. Предрасуди

Мит: Наставниците по наука и математика повеќе не се пристрасни кон нивните машки ученици.

Реалност: Всушност, предрасудите се присутни и наставниците почесто интерактувале со машките отколку со женските во класот. Еден наставник полесно ќе му понуди помош на машки ученик во некој експеримент покажувајќи како да го направи, оставајќи на женскиот ученик повеќе да гледа, отколку да прави. Истражувањата покажале дека доколку наставниците повеќе ги вкучуваат девојките во експериментите, сите имаат корист од тоа.

science-teacher

4. Неможеме ништо да направиме

Мит: Кога девојчињата едноставно не се заинересирани за наука, родителите не можат многу да направат за да го променат тоа.

Реалност: Родителската поддршка (како и онаа на наставниците) се покажа од суштинско значење во интересот на девојчињата во науката. Зголемувањето на свесноста кај девојките за спектарот на располагање на работни позиции кои ги нудат науката и инжењерството и нивната важност во општеството, ги привлекува девојките.

baby-girl-130612

5. Вродено е

Мит: Критичарите на програмите за зголемување на женскиот интерес кон науката често тврдат дека жените се родени со неповолна положба. жените, на пример, се вели дека се полоши во просторнот ориентирање во однос на мажите, меѓу другите слабости.

Реалност: Додека половите разлики се појавуваат во стандардизираните тестови, тоа незначи дека се вродени. Просторните способности, на пример, исчезнуваат во култури каде што жените се подоминантни и посилни во патријахалните култури. Тоа сугерира образование, искуство, стереотипи и охрабрување од родителите помага да се креираат разликите кои често се земени како вродени.

- Реклама -