Сите сме играле криенка како мали. Мора да признаеме дека не ни беше лесно, постојано да пронаоѓаме нови и тајни места, каде што никој нема да успее да не пронајде.Романтични изненадувања, миризливи купки, праќање пораки, но и подготвеност за компромис се само дел од советите кои ги применуваат познатите женети мажи.
Кога станува збор за љубовта, врските и бракот, секој совет е добредојден, особено кога истиот доаѓа од згодни и популарни мажи во Холивуд, кои ги сакаат своите сопруги и веќе со години успешно ги одржуваат бракот и врската. Пет секси мажи ги открија своите љубовни совети, а барем во нивниот случај навистина делуваат.
Чајнинг Татум ( 7 години во брак со актерката Џена Деван)
„ Сакам кога мојата сопруга се смее и затоа се трудам да ја развеселам со шеги и спонтани ситници. Една од омилените ми е да и оставам скриена љубовна порака или смешна порака вол ладилникот, тоалетот или на перницата.
Хју Џекмен ( 18 години во брак со актерката и продуцентка Дебора Ли Фернес)
„ Моето прво правило е романтично изненадување, но не станува збор за купување на подароци за посебни прилики. Мојата сопруга често ја изненадувам со букет цвеќе или некоја ситница која таа некогаш само ја споменала.
Кевин Бејкон (16 години во брак со актерката Кира Сеџвик)
„ Точно знам што мојата жена сака и кога ќе видам дека е под стрес или дека малку сме се оддалечиле, се обидувам да ги отстварам нејзините мали желби. Кира сака спа третман, но дома имаме када, а веќе со години планираме преуредување на тоалетот. Кога беше на пат, постојано го реновирав купатилото, набавив голема када и кога се врати ја пречека топла, со миризлива купка“.
Патрик Демпси ( 15 години во брак со актерката Џилијан Финк)
„Клучот за среќна врска е прифаќањето на партнерот. Тоа значи дека мораш да бидеш свесен дека личноста со која што живееш не можеш да ја промениш/ Кога ќе дојде до несогласувања, мораш да бидеш подготовен да попуштиш, особено ако не сте во право“.
Метју Меконахи ( 8 години во врска и две години во брак со манекенката Камила Алвес)
„ Моето правило е едноставно – никогаш во кревет не заминувај лут. Проблемите постојат за да се решаваат, а не за да се стават под тепих. Поради тоа, јас и Камила имаме здрав однос“.
Ако ви се допаѓа темава, прочитајте ја и приказната на Бред Пит и Анџелина Џоли.