Пет клучни способности од кои што зависи нашиот живот

Животот нема цел…ние имаме цел. Секоја ситуација, секоја случајност ни дава можност да се изградиме себе, такви какви што сакаме да бидеме. Прашањето е само да ги прифатиме можностите да ги оствариме идеите, да преземеме акција и активно да тргнеме кон целта која сме самите ние.

Погледнете пет способности, што ќе ви помогнат да го направите токму тоа.

1. Љубопитност

Радоста доаѓа лесно, кога сме млади и уште не сме тргнале по патеките што ни задаваат длабоки удари. Љубопитноста да испитаме нови работи и различни перспективи ни овозможува да ја опипаме плимата на откровение и убавина, каде и да одиме. А оние од нас кои се борат да одолеат на тежата на зоните на конфорт, кои ја задржуваат љубопитноста и во зрелата возраст, учат многу повеќе и гледаат многу повеќе убавина во својот живот. Љубопитноста е основа за раст, благодарение на неа умовите и срцата ни се подмладуваат секој ден, наместо да стареат.

lj

2. Креативност

Кога станува збор за раст и развој, ако љубопитноста е моторот, креативноста е кормилото. Денес светот се движи толку брзо што често оние кои велат дека нешто не може да се направи, остануваат во сенка, поради  оние кои тоа го прават. И токму затоа е важно да се обучува креативниот ум редовно.

creativity

3. Издржливост

Со исклучок на сопствените мисли, нема ништо друго што ќе биде целосно во ваша власт. Да знаеш и да го прифатиш тоа ти дава способност да се справиш ингениозно со постојаните непријатности во животот – флексибилност и издржливост. Тоа е способност да ја прифаќаш реалноста, дури и да се разминеш со фантазијата, која ја имаш во твојот ум, или со она што некогаш реално си го имал – и наместо да се жалиш, да се обидеш да направиш со неа нешто подобро.

PEOPLE_LIFE13

4 . Трпение

“Нема зошто да се брза. Се ќе дојде некој ден!”, велееше Мечото Пух. Тоа е моќта на трпението. Трпението не е да стоиш неподвижно. Тоа е да го управуваш времето на таков начин што ќе постигнеш долгорочен резултат и ќе се движиш стабилно напред. Да се справиш со времето помеѓу заминувањето и пристигнувањето бара доста волја. Без разлика колку е здодевно чекањето, не треба да заборавиме дека резултатите не доаѓаат веднаш.

seek-patience

5. Доверба во себе

Самодовербата е најважната од сите световни способности, бидејќи без неа не можеш систематски да ги практикуваш останатите. Едноставно кажано таа е цврста желба да ја земеме одговорноста за својот живот од овој момент, па натаму.

feel-lifes-potential001_03

- Реклама -