Пет интересни социјални експерименти

На повеќето луѓе им се случило  да кажат: нема да пушам телевизија  1 месец, нема да јадам слатко, или пак нема да одам на шопинг една сезона. Погледнете  5 случаи во кои луѓето отишле прилично далеку во тоа да си го исполнат предизвикот.

Маж не користи интернет  една година

1in

Пол Милер за првпат седнал на  интернет, кога имал 12 години.  На 14 годишна возраст веќе правел дизајн на страници, а на 26 станал  зависник и донел храбра одлука – ќе живее офлајн една година!Тој го издржа предизвикот и во моментов снима документарен филм за експериментот.

Колин Рајт живее како номад

2in

Рајт нема дом и на секои 4 месеци се сели на нова локација. Тој има 26 години и вели дека со овој експеримент сака да ги охрабри луѓето да мислат поинаку. Тој има блог каде што можете да му упатите предизвик, за кој тој можеби ќе се согласи, како на пример – да не носи црно 6 месеци.

Жена живее без да употребува шеќер

3in

Жена која сака да остане анонимна одржува блог myyearwithout.blogspot.com. Од 1 јануари 2008 година таа не е конзумира ништо што содржи шеќер.

Германка живее без пари од 16 години

4in

Од 16 години Германката Хаидемари Швемер живее без да користи никакви пари. На почетокот мислела дека тоа ќе трае 12 месеци, но подоцна и се допаднал овој начин на живот. Преживува така што работи како замена за засолниште или храна, а понекогаш оди во маркет и ги прашува продавачките дали имаат производи што се пред истекување на рокот. За себе вели дека нејзиниот живот се разликува од животот на бездомник, по тоа што таа е пожелен гостин во сечиј дом.

 Семејство не купува  ништо, произведено во Кина

S

Сара Бонджорни била изненадена од тоа колку работи во САД се произведени во Кина и решила да не купува ништо од Кина цела година. Тоа било во 2005-тата  и таа вели дека е премногу тешко, но успеале да издржат.

 

- Реклама -