Пет идеални женски парфеми за во зима

Кои се новите засилувања во мирисните збирки кои ги избираме за оваа сезона?

Burberry, My Burberry

Инспириран од Лондон и градскиот стил, My Burberry се отвора со сензуална мешавина од ноти на дуња и здравец.Композицијата завршува со заведувачкиот, женствен мирис на роза.

 

Estee Lauder, Modern Muse
Еден долгоочекуван мирис – Estee Lauder се враќа на сцената на парфемите со Modern Muse кој доаѓа повеќе од 10 години по последната креација на брендот, Beyond Paradise. Природно, погледите се вперени кон овој нов играч, кој се обидува да го најде своето место во миризливата колекција на секоја жена. Дали ќе успее? Ванила, јасмин, манрадина, росни ливчиња…

 

Lancome, La Vie Est Belle
Lancome изјавуваат „Животот е убав!” и ние им веруваме. Еден грациозен француски мирис потсетува за тоа дека наједноставните нешта во животот се убави. Богат, сладок, елегантен и зависнички е овој убав живот. Во срцето ќе ја почувствувате нежната боја на мирис со ноти на ирис, јасмин и  портокал. На врвот ќе го почувствувате овошниот акорд на слатка црна рибизла и сочна круша. Несомнено мирис кој изразува радост од мали, но толку важни работи во животот.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Balenciaga B

Александар Ванг вели дека сака да се рекреира ДНК-то на брендот во мирисната креација. Силната и сензуална композиција, која се отвора со базните ноти на момина солза, листови од темјанушки и  ореви.Базата на овој парфем ја изразува силата на мирисот со семиња од амбрета и Кашмирово дрво.

 

Reveal Calvin Klein
Сензуален ориентален вкус, кој ќе ве потсети на морето, солта на кожата и бакнежот на сонцето. Во ова „откровение” на Calvin Klein сигурно ќе го почувствувате солениот мирис на морето.

- Реклама -