Костените не се само вкусна ужинка, овие плодови се полни со состојки кои носат здраствени придобивки.
Ви приложуваме пет причини за да почнете да уживате во костените.
1. Луѓето со целијална болест можат да се радуваат
Костените не содржат глутен, инаку често присутен протеин во житариците, кој кај некои луѓе предизвикува проблеми во тенкото црево и предизвикува различни симптоми.
2. Ризница на антиоксиданси
Костените се богати со витамин Ц. Всушност, тоа е единствен вид на орев кој го содржи тој витамин. Силни заби, коски и крвни садови се само некои од предностите кои ги носи витаминот Ц. Имаат висок состав на манган, минерали, па ќе ви помогне за побрзо лекување и заштита од штетните ефекти на слободните радикали. Го намалува ризикот од некои видови рак и срцеви заболувања.
3. Носи стабилно ниво на енергија
Костените се богати со јадрехидрати. Но, пред да одлучите поради тоа да ги избегнувате, имајте на ум дека овие јадрехидрати имаат сложена структура, па се варат побавно од поедноставните. Тоа значи дека нивото на енергија останува константно, и не е како кај едноставните јаглехидрати кои нагло го зголемуваат шеќерот во крвта.
4. Го намалува холестеролот
Порција костени содржи отприлика 21 процент од препорачаната дневна доза на диетални влакна, што е неопходно за да се намали холестеролот во крвта. Богати се и со мононезаситени масни киселини, како што е олеинска киселина. Истражувањата покажуваат дека помагаат во урамнотежување на добриот холестерол (HDL), додека го намалуваат лошиот (LDL).
5. Содржат и фолна киселина
Една порција костени обезбедува 35 проценти од препорачаната дневна количина на фолна киселина. Фолната киселина е витамин од групата Б, која е растворлива во вода и природно се јавува во некоја храна, како што се костените. Игра важна улога во спречување на невролошките оштетувања на фетусот, што го прави идеален избор за бремените жени.