Пет дена: 102 жртви поради горештините во Шпанија

Од саботата, кога започна првиот топлотен бран за ова лето во Шпанија, регистрирани се 102 смртни случаи поврзани со високите температури, соопшти Системот за дневно следење на морталитетот од сите причини.

Според податоците на Државната метеоролошка агенција, вкупниот број на смртни случаи во текот на јуни годинава, кој беше оценет како најтопол месец досега во земјата, достигна 380. Оваа информација ја пренесе шпанскиот весник „Елмундо“.

Податоците на системот укажуваат дека во првата половина од годинава се забележани вкупно 2.168 смртни случаи поврзани со температурни екстреми, што претставува 68 проценти од вкупниот број на смртни случаи предизвикани од температури во текот на целата 2024 година, кога се пријавени 3.521 смртен случај.