Песков: Русија ќе одговори на украинската инвазија на Курск

Русија ќе мора да одговори на упадот на Украина во западниот регион Курск, а идејата за прекин на огнот со Киев повеќе не е релевантна, соопшти денеска Кремљ, пренесе Хина.

Илјадници украински војници на 6 август ја пробија руската граница во ненадеен напад за кој рускиот претседател Владимир Путин рече дека има за цел да ја подобри преговарачката позиција на Киев пред можните разговори и да го забави напредувањето на руските сили долж линијата на фронтот.

-Ваквите непријателски дејствија не можат да поминат без соодветен одговор, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Одговор сигурно ќе има“, додаде тој.

Путин веднаш по упадот изјави дека Украина ќе добие „вреден одговор“, но се уште јавно не кажа каков ќе биде тој одговор.

Прочитајте и:  Путин: Русија истрела балистичка ракета со среден дострел кон Украина

Песков ги отфрли медиумските извештаи дека имало преговори за прекин на огнот меѓу Москва и Киев.

-Немаше никакви преговори. Темата на преговорите во овој момент прилично ја изгуби својата важност, рече Песков.

- Реклама -