Москва, 29 март 2022 (МИА) – Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков, во интервју за американската PBS, изјави дека Русија ќе посегне по кон нуклеарно оружје само ако нејзиното постоење е загрозено, а не поради исходот од конфликтот со Украина.
„Имаме безбедносен концепт што многу јасно кажува дека само кога постои закана по постоењето на државата можеме да употребиме – и ние навистина ќе употребиме – нуклеарно оружје за да ја елиминираме заканата за постоењето на нашата земја“, посочи Песков.
Тој додаде дека каков било исход од операцијата во Украина „не е причина за употреба за нуклеарно оружје“.
Песков неодамнешната изјава на американскиот претседател Џо Бајден за претседателот на Русија, Владимир Путин ја оцени како неприфатлива.
Не е на претседателот на САД да одлучува кој ќе биде, а кој нема да биде претседател на Русија, за тоа одлучува народот на Русија на избори, посочи Песков.