Пештера со природни мостови се претвора во водопад во текот на зимата

Овие карпести мостови не се извадок од некој фантастичен филмски сет. Станува збор за реална пештера, место наречено „Three Bridge Chasm“ (или „јаз од три мостови“), каде се протега Баатара водопадот. Оформен од древниот варовник кој се таложел низ вековите додека се топеле снеговите од зимата, ова место во Либан денеска претставува атрактивна туристичка дестинација.

Водопадот кој се создава од растопените снегови од планината Либан, паѓа од 250 метарска висина низ варовникот кој е постар од 160 милиони години.

Токму поради староста, мостовите веќе не се безбедни, бидејќи карпите се измазнети и лизгави. Освен тоа, не е препорачливо низ нив да минуваат поголем број на туристи, бидејќи постои опасност да се срушат мостовите од тежината.

three-bridges-cave-baatara-gorge-waterfall-lebanon-2 three-bridges-cave-baatara-gorge-waterfall-lebanon-3 three-bridges-cave-baatara-gorge-waterfall-lebanon-6 three-bridges-cave-baatara-gorge-waterfall-lebanon-7 three-bridges-cave-baatara-gorge-waterfall-lebanon-9 three-bridges-cave-baatara-gorge-waterfall-lebanon-12 three-bridges-cave-baatara-gorge-waterfall-lebanon-13 (1) three-bridges-cave-baatara-gorge-waterfall-lebanon-13

- Реклама -