Лери Свилинг (78) е вистински посветен сопруг. Тој со својата сопруга Џими Су се во брак 57 години. Но немаше да има приказна доколку нешто не беше во ред. Џими Су има 76 години и била родена со еден бубрег, но поради годините и долгиот период на оптовареност, единствениот бубрег престанал да функционира.
Нивната ситуација се искомплицирала кога докторите откриле дека ниту еден член од нивното семејство не е адекватен донатор. Џими Су била ставена на листата на чекање за бубрег од инфицирани донатори, поради нејзина возраст. За маката да биде уште поголема, треба да чека две до три години. Период кој едноставно е предолг.
Неизмерната љубов кон неговата сопруга, го натерало Лери на радикален чекор. Тој ја започнал својата одисеја со оглас за помош обесена на неговиот врат. Каде и да се движи, Лери со себе го носи овој оглас. Наместо добар ден, луѓето ги прашува дали се спремни да го донираат својот бубрег.
-Џими Су е мојата душа, мојот живот. Јас не би можел да го замислам животот без неа, а не пак навистина да го доживеам тоа. Јас сум христијанин и никогаш во животот не сум помислил на самоубиство. Но доколку не успеам да ја спасам жена ми, јас не гледам друго решение. Таа е мојот живот, нејзиниот крај би бил и мој.
Оваа животна приказна беше објавена во медиумите пред точно шест месеци. Сега Џими Су е во многу полоша здравствена состојба и нејзините деца ја носат на дијализа два пати неделно. Докторите веќе не се обидуваат да дадат прогноза колку ќе издржи. Лери веќе шест месеци каде и да оди, оди пеш со огласот на врат, молејќи го господ и сите луѓе што ќе ги сретне за помош. Ова е неговата последна изјава.
-Знам од самиот почеток, дека барам премногу од тотални странци. Свесен сум дека шансите од секогаш биле минимални, но јас едноставно нема да се предадам се додека мојата сопруга е жива.