Перверзиите на Наполеон, Русо и Моцарт

Историјата нè учи на тоа тоа каков бил одреден владател, политичар, уметник или композитор, но нивните сексуални склоности не се спомнуваат никогаш во основната литература.

Иако, со право, не е нешто што се учи на училиште, сексот е незаобиколен дел од историјата и профилот на големите историски имиња.

Аналниот фетиш на Моцарт

streptokokowa-infekcia_1

Легендарниот композитор бил опседнат со задници, но не со нивната естетика, туку благо кажано се валканите активности за кои што служи. Сакал детално да им објаснува на своите роднини и пријатели како задникот „му горел“ додека извршува голема нужда. Неговата слобода на изразување потекнува од семејството бидејќи во нивниот дом било нормално да се зборува за физиолошките потреби. Својот „интерес“ го опишал и во една композиција кога го носи името
“Leck mich im Arsch” или во превод „Бакни ми го задникот“.

Наполеоновиот мал „генерал“

n40661

Деловите од телото на познатите знаат да завршат во музеи, но ниту еден од нив не поминал „низ толку раце“ како пенисот на Наполеон. Лекарот му го отстранил во текот на аутопсија и го предал кај свештеникот кој вршел посмртен обред над големиот владател. Во неговото семејство пенисот поминал околу сто години, по што бил продаден во лондонска книжара, од каде потоа го наследила американската крижара,  а врвот на славата го доживеал во моментот на излагање во Музејот на француска уметност во Њујорк. На крајот, на аукција го купи американскиот уролог Џон Латимер, кој заклучи дека на Наполеон му бил „мал“.

Жан Жак Русо сакал да го удираат по задникот

250px-Jean-Jacques_Rousseau_(painted_portrait)

Бил прочуен филозоф и книжевник, но малкумина знаат дека Русо имал волку чуден фетиш. Уште како дете сакал да добие по задникот, доколку нешто криел или лажел. На училиште му се допаѓала учителка на која намерно и правел бељи за потоа да биде казнет. На крајот пронашол сексуален доминатрикс кој без двоумење му ги задавал посакуваните удари.

- Реклама -