Џим Вудринг, креатор на серија популарни стрипови, создал перодршка долга 2,13 метри која е комплетно функционална. Новата алатка за пишување, наречена “Nibbus Maximus” била прикажана во Гејџ Академијата на Уметност во Сиетл во присуство на стотици гости.
Со оглед на тоа што претставувањето било првиот пат кога Џим ја користел ова огромна перодршка, со исклучок на неколку тестови додека го создавал перцето, тој се покажал како доста умешен, пишувајќи и цртајќи со неа.
Иако прикачување на перце од 45 сaнтиметри на дрвена „рачка“ долга 167 сентиметри не звучи како тежок подвиг, постои причина поради која многу луѓе мислеле дека ова е нешто невозможно. Џим посветил многу напор во создавањето на џиновското перце со цел тоа да може да го држи мастилото и да го ослободува врз хартијата. Неговото прекрасно, рачно изрезбано, челично перце обложено со месинг ја извришило функцијата за која било создадено.
Но, прашањето е, зошто некој би трошел време создавајќи џиновска перодршка? Епа, бидејќи сите велеле дека е невозможно, Џим Вудринг бил сигурен дека може, тој решил да им покаже доказ.