Две муви со еден удар не се убиваат, освен фигуративно, ама перење и возење точак со еден човек е остварливо. The Biwa (Bike Washing Machine) е статичен велосипед дизајниран од студенти од Кина (мислам, од кои други?). Педалите го вртат бубањот и генерираат доволно струја за да го напојуваат мониторот. Ако си ептен брз, вишокот енергија се складира во батерија, за деновите кога не си баш брз.
Еве и една идеја: да ставиме вакви по теретаните, и автоматски си претворил куп билдери во перачки на алишта. Башка облеката ќе ни „сија“, а Македонија ќе замириса на поубаво.