Во целата таа мешаница од велосипеди на велосипедските трки, обичен лаик тешко ќе ја воочи стратегијата што се спроведува за да се стигне прв до целта. Веројатно знаете дека не за џабе се вози во тимови, и дека целиот тим всушност има улога на поддршка на „главниот“ велосипедист (спринтерот) во кого се полагаат надежите за победа.
Дел од финесите на таквиот начин на возење ги претпоставувате и ќе ги воочите. Друг дел, ќе ги пропуштите. Затоа, еве едно видео со максимално сликовит приказ на тоа што всушност се случува на една велосипедска трка, од аспект на стратегија, особено во последниот километар.
https://youtu.be/ucr6kq3RacM