Pepsi претстави еколошко шише

шишеPepsi го претстави своето најново оружје во вечната војна против Coca-Cola – шише направено само од растителен материјал. Шишето е направено од трева, кора од бор, лушпи од пченка и други материјали. Пепси планира во иднина да користи лушпи од портакали, овес, компири и други остатоци од прехранбената индустрија.

Новот шише на изглед и на допир е исто како и сегашните, а ја има и истата функција, претставник на компанијата изјавил: „Воопшто не се разликува.“ Од Пепси велат дека ова е првото шише во светот направено од пластика наречена PET која е направена од растителни материјали. Кока-Кола во моментов користи шише кое е направено од 30 проценти растителни материи и неодамна проценија дека им требаат уште неколку години пред да можат да почнат да создаваат 100 проценти растително шише.
шишеОткритието потенцијално би можело да го промени индустрискиот стандард за пластични садови. Традиционалната PET пластика се користи за шишиња за пијалоци, садови за храна и други производи. Пластиката е општоприфатена поради тоа што е лесна и отпорна на кршење, нејзината безбедност е добро истражена, и дополнително пластиката нема никаков ефект врз вкусот на производот. Но традиционалната PET пластика не е биоразградлива, иако може да се рециклира, карактеристика која двете компании ја одржуваат кај новиот производ.
 
Традиционалната PET пластика се прави од фосилни горива како петролеум, ограничен ресурс на кој постојано му расте цената. Користејќи раститени материјали компаниите го намалуваат нивното штетно влијание врз животната средина. Од Пепси велат дека новата пластика ќе има приближно иста цена со традиционалната пластика. Тие планираат да го тестираат новиот производ во 2012 година со стотина илјади шишиња. Од моментот кога ќе бидат сигурни дека ќе можат успешно да произведуваат толкав број шишиња, ќе почнат да ја користат новата пластика за сите нивни производи. [Refreshing the environment: Pepsi produces new bottle made from grass and bark]

- Реклама -