Пентагон бара Индија да се откаже од воената соработка со Русија

Вашингтон, 23 април 2022 (МИА) – Соединетите Американски Држави побараа од Индија и другите земји да ги напуштат заедничките одбранбени активности со Русија, објави Тајмс оф Индија, цитирајќи го портпаролот на американското Министерство за одбрана Џон Кирби.

„Јасно ѝ ставивме до знаење на Индија и на другите земји дека не сакаме да се потпираат на Русија за нивните одбранбени програми“, рече тој. Кирби додаде дека САД ја ценат воената соработка со Индија.

„Бараме начини за дополнително зајакнување“, рече портпаролот на Пентагон.

Претходно, САД ја предупредија Индија на „сериозни ризици“ доколку го зголеми купувањето нафта од Русија. Во спротивно, Индија може да се соочи со сериозни последици, велат смерикански претставници. Од 24 февруари, нафтените рафинерии во Индија го зголемија купувањето на руски суровини по намалени цени. Купувале 13 милиони барели месечно наспроти 16 милиони барели за цела мината година.

Прочитајте и:  Путин: Русија истрела балистичка ракета со среден дострел кон Украина
- Реклама -