Пенисот може да биде мал, но дали вагината може да биде голема?

Постојат милион начини како да перцепирате дали вашите гради се големи, мали, средни, убави, привлечни… Меѓутоа, кога станува збор за интимното подрачје, нештата се сосема поинакви.
Суштината е во тоа што не постои нешто кое би можело да се спореди со вагината. Докторката Брук Мекфиден од Американскиот универзитет во Охајо, во своето најново истражување ги проучувала гениталиите кај 168 жени од 57 години, користејќи иста техника како научницата Џулијан Лојд во студијата: „Изгледот на женските гениталии: разоткривање на нормалното“.

Мали срамни усни

Малите усни се разликуваат по големината од жена до жена и ниту кај една не се исти. Постои статистички значајна разлика меѓу левата и десната мала усна, објаснува Мекфиден. Нејзиното истражување воочило дека левата мала усна во просек е широка 2,1 сантиметар со распон од 0,4 до 6,4 сантиметри. Десните се во просек широки 1,9, во растојание од 0,3 до 7,0 сантиметри.

Големи срамни усни

Тие се како заштитна зграда околу малите усни, клиторисот и влезот во матката. Во просек се со големина од 8,1 сентиметар, а во растојание од 4,0 до 11,5. Колку што е жената постара, толку големите и малите усни стануваат помали.

Клиторис

Слично како и остатокот од анатомијата, постои доста широка палета, кога е во прашање „копчето“ за задоволство. Мекфиден открива дека ширината на клиторисот од 0,2 до 2,5 см. со просек од 0,8, а должина од 0,4 до 4,0 см, со просек од 1,6 см. Нормално, неговата димензија се зголемува при оргазам, како и во текот на самиот полов однос.

Вагинален канал

Истражувањето на докторката се уште не стигнало до вагиналниот канал, но додека не дојде до тоа, таа смета дека би требало да се држиме до податоците од студијата направена во 2005 година. Тогаш беше покажано дека просечната должина на вагината е 9,6 см, односно меѓу 6,5 и 12, 5 сантиметри.

- Реклама -