Пендиков ќе студирал човекови права па ќе се врател во „РСМ“ да се бори за Бугарите

Христијан Пендиков – секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, кој беше претепан поради, според Софија, неговата бугарска самосвест, денеска на свеченост во бугарското претседателство ги доби личните документи за бугарско државјанство. Лично му ги врачи потпретседателката на Бугарија – Илијана Јотова.

Пендиков изјави дека сега се чувствува поспокојно, а најави и уште поголема лична борба за „правата на Бугарите“ во земјава.

„Чувството е поспокојно, ќе можам поспокојно да отидам во Северна Македонија, каде ми претстојат судски процеси и се надевам дека некогаш ќе завршат. Се чувствувам позаштитен зашто знам дека ме заштитува Бугарија кога ми претстои да отидам во Северна Македонија за делата, каде реално секој ден добивам закани за мојот живот“, изјави Пендиков, пренесува БГНЕС.

Прочитајте и:  Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

Тој посочи дека од сега па натаму планира да се запише на универзитетот во Бугарија, да учи и да заврши меѓународни односи и човекови права, а потоа да се врати во „РСМ“ зашто „треба да се бори македонските Бугари да ги имаат истите права како и сите луѓе кои живеат во РСМ“.

„Секогаш ќе помагам, затоа што ние сме Бугари од Македонија кои треба да се чуваат едни со други“, рече Пендиков, цитира агенцијата.

„Да, таму (во Охрид) сум пораснал. Нормално е да ми недостасува градот каде сум пораснал, сите спомени ми се таму“, рекол Пендиков прашан од БГНЕС дали му недостасува Охрид.

- Реклама -