Пендаровски „забрани“ граѓани да го фалат по трибините (ВИДЕО)

На вчерашната трибина во Општина Центар, кај Фонтаната во Градски парк, срцето на уште една граѓанка не издржа, како што самата рече, да не каже неколку пофални зборови за семејството, но и личноста на, според неа, идниот претседател на Северна Македонија – Стево Пендаровски. Таа порача дека родителите на Пендаровски би биле горди на него, и дека од такво чесно, скромно и добро семејство може единствено да произлезе човек што може само да надградува и кој ќе биде претседател за иднината, а не за минатото на Македонија.

„Благодарам, но од сега стварно забранувам вакви пофалби. Денеска по медиумите има и луѓе кои пишуваат коментари кои велат дека Пендаровски ги штелува позитивните коментари и носи изнајмени глумци кои зборуваат само добро за него“, низ смеа замери Пендаровски, порачувајќи: „Немојте да ме фалите повеќе, ве молам“.

Ваквата изјава на Пендаровски доаѓа откако на неколку претходни трибини, тој, покрај премиерот Зоран Заев, доби срцепарателни пофалби, па дури и понуда да биде татко (на државата, ама и на граѓанка):

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/788177001566070/

https://www.facebook.com/politickicirkusMK/videos/1014201125452030/

 

- Реклама -