Тврдењата дека процентот на Албанците во државава е паднат под 20% се само приказни кои поаѓаат од тезата дека сѐ уште имаме 2 милиони население, рече претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во „Емисијата 200“ на „Алсат“.
„За жал, сите се селиме“, потенцира тој и додава дека процентот на eтничките заедници не треба да е важен, макар бил и 3% или 5%.
„Мојата политичка декларација ќе биде, а ќе ја побарам и од другите политички партии на власт и опозиција… и да си 3% и да си 5%, не ги гледај како бројка. Тие пpaва ги имаш и можеме да зборуваме само за подобрување на состојбата и на статусот, и твој и мој“, рече Пендаровски.