Пендаровски: Покажав дека претседателот може да биде независен од било кои центри на политичка или економска моќ во државата

Иницијатива за собирање потписи за кандидатура за Претседател на државата денеска е доставена до Државната изборна комисија (ДИК) од страна на актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Потписите, како што објави ДИК, ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата.

Претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција ја објави својата кандидатура за втор мандат. Тој рече дека ја најавува својата граѓанска кандидатура за претседател на државата и ги повика сите граѓани од 3 март, недела, да му дадат поддршка со давање потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија.

-Во изминативе пет години покажав дека претседателот може да биде независен од било кои центри на политичка, или економска моќ во државата, вклучително и во однос на оние кои го поддржале на избори. Зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка. Без ниту една корупциска афера и ниту еден случај на непотизам или судир на интереси, поврзани со мене, со моето семејство, со моите роднини, пријатели, или најблиските соработници, истакна Пендаровски.  

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски
- Реклама -