Пендаровски: Персона-нон-грата не се презема заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност

Персона-нон-грата никаде во светот не се презема заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност, изјави претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Топ Тема“ на ТВ „Телма“.

„Сакам да го појаснам она што го кажав на прес-конференцијата по Советот. И гледам дека некои од овие познати експерти, аналитичари, професори, па и политичари кои го разбираат бугарско-македонскиот комплекс што трае децении наназад, не ја гледаат таа дикстинција. Јас не барам протерување, не се битни имињата, не барам протерување, и не барам забрана за доаѓање во Македонија на лица кои велат дека ние сме Бугари. Имаат право да го викаат тоа. Ние одиме со тоа да одиме со санкции кон лица кои тврдат дека ние не сме Македонци, тука има многу за санкционирање. Значи ваква мерка персона-нон-грата никаде во светот не се презема заради политичка изјава“, рече Пендаровски, додавајќи дека ние сме демократска држава и претендираме да бидеме и до крај вистинска европска демократија.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Ако е загрозен потенцијално јавниот поредок, јавниот ред и мир, националната безбедност на Македонија или нашата меѓународна позиција, а посебно првите две, во тој случај ние треба да реагираме по тие основи, вели шефот на државата.

„Значи повторувам, тој тип што го споменувате не ми пречи колку и да вика во центарот на Скопје дека јас не сум Македонец. Само се брука, тоа се политички шарлантани, циркузанти кои кажуваат работи кои целокупната светска наука, а на прво место чувствата на македонскиот народ, ги демантира. Меѓутоа ако ти велиш ‘јас ќе дојдам со организиран превоз, ќе ги повикам сите Бугари во Македонија и надвор од Македонија да доаѓаат илјадници, да им покажеме кои се овие кои не знаат кои се’, тоа е закана за јавниот поредок. И тоа е закана за националната безбедност за Македонија“, рече Пендаровски, додавајќи дека во таков момент би реагирал и би препорачал таков сет мерки кон Владата.

Извор: МИА

- Реклама -