Пендаровски: Од Филипче добивме уверување дека не се случило наш граѓанин да не биде примен на болничко лекување

Членовите на Советот за безбедност, на денешната 12-та седница, побарале користење на сите расположиви ресурси за да може секој граѓанин да ја добие неопходната здравствена заштита, информираше претседателот Стево Пендаровски.

„Државата не смее да дозволи ниту еден наш граѓанин да не биде примен на болничко лекување“, порача тој, додавајќи дека членовите на Советот, од министерот за здравство Венко Филипче, добиле уверување дека такво нешто досега не се случило, но и нема да се случи во иднина.

Претседателот упати и благодарност до здравствените работници за целосната посветеност и максималниот ангажман во борбата против ковид-19, но истовремено оцени и дека има пад на дисциплината во однос на почитувањето на мерките за лична заштита. Тој испрати апел до граѓаните да не се опуштаат и да ги почитуваат препораките и законите, но истовремено им порача на политичарите тие да бидат пример за сите останати.

Прочитајте и:  Филипче до Мицкоски: Велевте дека ќе го вратите мандатот ако некогаш кажете „Северна“, еве ви шанса

Во тој контекст, Пендаровски зборуваше за доцнењето на вакцинацијата во земјава. Сликите од Србија, оцени тој, се срам за државата и истите не смеат да се повторат. Вакцинацијата, пак, која масовно би требало да почне во април, не смее да има прекини, додаде претседателот.

 

- Реклама -