Пендаровски не се плаши од претседателска трка со Оливер Спасовски

Најважна е довербата во самиот себе, изјави претседателот на државата – Стево Пендаровски, прашан дали „се плаши“ од актуелниот министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски, како кандидат на власта на наредните претседателски избори.

„Ако имаш страв во животот, не се впушташ во ниедна работа, не само во политиката. Ако имаш страв од едикојси… најбитно е да имаш не страв кон некого, туку да имаш доверба во себе си. Ако самиот се чувствуваш подготвен, мислам дека не постои толку голем страв од некој опонент потенцијален кој може да те инхибира за да останеш дома да гледаш телевизија“, рече Пендаровски на прес-конференцијата на која соопшти дека ќе ги потпише указите за законите за коридорите 8 и 10д.

- Реклама -