Претседателот Стево Пендаровски денеска на прес-конференцијата по седницата на Советот за безбедност, зборувајќи за состојбата со добрососедските односи со Бугарија, истакна дека не гледа ниту една основа за ново вето од Софија.
„Не можам да знам што ќе направи бугарската страна. Секоја држава суверено, автономно ги носи своите одлуки. Иако, да бидам искрен, не гледам ниту една основа за ново вето. Значи не можам да знам. Мислам дека нема. Се надевам дека нема да одат во таа насока, бидејќи, повторувам, ова што го зборувам го знаете сите. Знаете дека станува збор за провокатори кои тоа го прават“, нагласи претседателот одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали е можно ново бугарско вето.
МИА