Пендаровски ја почна кампањата со песна (и Гоце Делчев): Заедно напред кон европска држава (ВИДЕО)

Од денеска и официјално почнува претседателската кампања. До 19 април, кандидатите Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, наведени по редоследот по кој нивните имиња ќе се најдат на гласачкото ливче, ќе се борат да ги освојат гласовите на мнозинството од 1.808.131-те избирачи заведени во избирачкиот список. За постигнување на цензусот ќе треба да гласаат 40% од избирачите.

Кандидатот на владејачката коалиција – Стево Пендаровски, својата кампања ќе ја води под слоганот „Заедно напред“, а ја започна со песна и видео спот посветена на убавините на земјата, но и нејзиниот пат кон иднина со „еден свет без граници“.

„Изодевме долг и тежок пат за да стигнеме тука, но заедно можеме да направиме многу повеќе“, уверува Пендаровски. „Ние денес носиме одлука за да продолжиме напред. Затоа што заслужуваме модерна, европска држава“, порачува тој.

Интересно, патем, е што видеото на YouTube е објавено со насловна (т.е. thumbnail) од кадарот со споменикот на Гоце Делчев.

Принтскин

- Реклама -