Пендаровски го одбил барањето за помилување на Катица Јанева

Претседателот на државата го одбил барањето за помилување на поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство – Катица Јанева. Од Кабинетот на претседателот на државата посочуваат дека негативно мислење дала и Комисијата за помилување.

„Претседателот го одби барањето за помилување на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Исто така и Комисијата за помилување, која е советодавно работно тело во Кабинетот на претседателот“, даде негативно мислење по барањето, наведуваат од Кабинетот на претседателот.

Комисијата за помилување е советодавно тело на претседателот која листата со предлози за помилување ја доставува до претседателот на државата, кој ги потпишува решенијата.

Поранешната специјална обвинителка е осудена на седумгодишна затворска казна поради злоупотреба на службената положба и овластување како специјална јавна обвинителка во аферата „Рекет“.

МИА

- Реклама -