Пендаровски е претседател и за него важат посебни прописи за заштита, вклучително и користење посебни службени возила, велат од кабинетот

Претседателот Стево Пендаровски е актуелен претседател на државата и за него важат посебни прописи за заштита на личноста односно постојано физичко обезбедување вклучително и користење на посебни службени возила со кои се обезбедува физичка заштита. Ова го одговорија од Кабинетот на претседателот, откако дел од медиумите вчера објавија дека актуелниот претседател и кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски со службено возило и со доделеното обезбедување го посетил штабот на СДСМ во Штип.

-Посебните правила се уредени во Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, донесена од Владата, согласно со Законот за полиција, уште во 2014 година, наведуваат од претседателскиот Кабинет.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

Оттаму додаваат дека овие правила важат за целото време на извршување на функцијата и нагласуваат дека согласно со член 8-б, став 1 од Изборниот законик, овие правила за Претседателот важат и за време на изборната кампања.

-Потсетуваме дека Претседателот на државата не е член на ниту една партија и е подготвен да има средба со секоја политичка партија доколку има такво барање или покана, како што практикува од стапувањето на должноста во 2019 година, додаваат од Кабинетот на претседателот. 

- Реклама -