Пендаровски: Државата не може и не смее со месеци да функционира само ако има вонредна состојба

На денешната прес-конференција, покрај пораката до граѓаните и Владата, претседателот Стево Пендаровски упати и порака до политичките лидери кои учествуваат на таканаречените лидерски средби.

Во пораката, Пендаровски ги потсети лидерите дека државата нема Парламент и дека техничката влада има лимитирани овластувања и ги повика да се договорат за избори:

„Ситуацијата е премногу сериозна. Затоа барам од сите нив да бидат на висина на историската одговорност и да се договорат за датумот на следните парламентарни избори за да добиеме институции со полн капацитет и политички легитимитет. Државата едноставно не може и не смее со месеци да функционира само ако има воведена вонредна состојба“, истакна тој.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски
- Реклама -