Пендаровски: Ако ги внесеме Бугарите во Уставот тоа ќе биде наша автономна самостојна одлука

Одлуката Бугарите да се вметнат во македонскиот Устав, доколку се донесе, ќе биде автономна самостојна одлука на македонските институции, изјави денеска претседателот на државата – Стево Пендаровски. Тој имплицираше дека Бугарија се меша во внатрешните работи на Македонија.

„Мешање е секое барање кое доаѓа од надвор за поредок на нашиот правен и политички систем. Мешање е во принцип мешање. Меѓутоа, паметите, ние ставивме делови од народи во нашиот Устав тргнувајќи од Рамковниот договор. Никој во тоа време не нѐ тераше од надвор да ги ставиме Власите, Србите, Бошњаците, Турците. Самите решивме дека е тоа добро за поголема кохезија во македонското општество. Така и сега, ако ние тука – јас и тие што ќе бидат во тоа време на власт, на некоја позиција да одлучуваат – ако ние решиме дека е тоа подобро… не само Бугарите, Црногорци, Хрвати итн… за зголемување на кохезијата, меѓусебната разбирачка… живееме во иста држава, тие се наши граѓани, Бугарите во Северна Македонија се и наши граѓани и се и моја надлежност… Ако ние решиме дека е добро да ги ставиме во Уставот – ќе ги ставиме во Уставот, ама тоа ќе биде автономна самостојна одлука на македонските институции“, уверува Пендаровски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Нашите аргументи му се предочени на Радев, очекувам добрососедство и до крајот на годинава да го продолжиме нашиот процес

Извор: МИА

- Реклама -