Пејач од Косово си настапи на фестивал со xит на Лозано, потпишан како автор (ВИДЕО)

Ако случајно го гледавте музичкиот фестивал „Kеnga Маgjike“ – еден од најреномираните во Албанија, и песната на Кораб Шаќири од Косово ви звучела познато, има и зошто.

Се работи за музика со недвосмислена сличност со музиката на еден од најголемите музички xитови на нашиот Влатко Лозаноски, aka. Лозано – „Километри“, компониран од Лазар и Магдалена Цветковски.

Арно ама, како во настапот, така и под видеото на Јутјуб од изведбата на Кораб, никаде не фигурира името на ниту еден од горенаведените. Напротив, Шаќири песната си ја пее под наслов „Феномен“ и самиот тој си е потпишан како автор на музиката и текстот, додека извесен Флорент Бoшњaкy е потпишан како автор на аранжманот.

Повелете, споредете:

via Слободен печат

- Реклама -