Хечбекот Peugeot 308 е избран за автомобил на годината во Европа. Победникот на изборот на Стариот конинент беше објавен во рамките на штотуку започнатиот салон во Женева.Жирито од 58 новинари во специјализираните медиуми од 22 европски држави одлучи да му даде најголем број поени на францускиот модел во однос на преостанатите седум претенденти за круната: BMW i3, Citroen C4 Picasso, Mazda3, Mercedes S-класа, Škoda Octavia и Tesla Model S.
Изборот за Автомобил на годината во Европа се одржува секоја година од 1964, па наваму, а носител на титулата за минатата година беше Volkswagen Golf неговата седма генерација. Ова е за Peugeot четврта титула европски автомобил на годината, бидејќи досега ова признание го освојуваа Peugeot 307 (2002. година), Peugeot 405 (1988) и Peugeot 504 (1969).
Ранг листата на седумте најдобри за 2014 изгледа вака:
1: Peugeot 308 – 307 поени
2: BMW i3 – 223
3: Tesla Model S – 216
4: Citroen C4 Picasso – 182
5: Mazda 3 – 180
6: Škoda Octavia – 172
7: Mercedes-Benz S класа – 170