Жената страда од напорите на мажот да се справи со предвремената ејакулација, покажува истражувањето на Универзитетот во Цирих.При овие напори мажите ги превидуваат сексуалните потреби на жената и не се способни да ги задоволат нејзините желби.
Во принцип од предвремена ејакулација страдаат една третина од мажите. Но според истражувањето на Универзитетот под водство на психологот Андреа Бури прераната ејакулација ја зајакнува психолошката непријатност и стресот кај мажите.
При тоа жените ги загрижува не толку краткото времетраење на половиот акт (за повеќето истражувања сексуалниот однос кај жените без оргазам не е толку фрустрирачки), како самата концентрираност на мажот врз контролата над сопственото празнење . Овој факт бил одбележан од 40% од 1500-те анкетирани жени од Мексико, Италија и Јужна Кореја.
Кога основните мисли на мажот за време на сексуалните односи со жената се фокусирани на тоа како да не заврши побрзо, тој ненамерно ги занемерува нејзините најинтимни потреби.
„За повеќето анкетирани дами поимот сексуално задоволство го вклучува не само самиот сексуален чин, туку и бакнежите, галењето и другите форми на сексуално стимулирање – и тие се важни не помалку од самата пенетрација, објаснува Андреа Бури. Доколку мажот е загрижен со предвременото завршување, овие потреби на жената се занемаруваат, бидејќи за партнерот најважното нешто е да успее да ја задоволи партнерката, пред тој да сврши. За него половиот акт во поголема мера е прашање на време , а не на она што го сака партнерката. Во долгорочна перспектива жената станува вознемирени и потисната. Па таа е лишена од суштинска компонента за среќен живот и го става во сомнеж продолжувањето на односите “, објаснува научникот.