Печени кнедли од сирење

Кнедлите секогаш се изненадување на трпезата. Со малку фантазија и сами може да смислите специјална комбинација од храната што ја имате во фрижидер, а за денеска ви предлагаме да направите кнедли од сирење.

Состојки: 1 кг. кравјо сирење, 4 јајца, 5 лажици брашно, 1 чаша кисела павлака, 50 г. кашкавал, 70 г. путер, сол, бибер, вода, 3 лажици зејтин.

3664_slane-knedle1_iff

Подготовка: Испасирајте го сирењето и додадете две лажици од киселата павлака, жолчките, растопениот путер и брашното. Зачинете со сол и бибер, измешајте и додадете ги изматените белки. Со лажица вадете кнедли од смесата, пуштајте ги во загреана вода, а кога ќе испливаат на површината, вадете ги со решетка и наредете ги во сад за печење. Одозгора врз кнедлите додадете го остатокот од павлаката, изрендајте го кашкавалот и печете во рерна.

Прочитајте и:  Благотворноста на свежото сирење

Добар апетит!

- Реклама -