Печен компир со пармезан

Денеска ви претставуваме дена идеална комбинација на печен компир со пармезан, која доаѓа од канадската кујна.Состојки

-6 компири

-1/4 шолја стопен путер

– пармезан

–  лук во прав

– мајчина душичка, босилек и оригано

 Подготовка:

Измијте ги компирите и исечете ги по должина

Тепсија со големина од 24×34 cm премачкајте ја со путер.

Врз путерот ставете го пармезан сирењето помешано со лукот.

Можете по желба да додадете некоја од наведените исецкани билки.

Врз сирењето ставете компир

Компирот се пече 40-45 мин. на температура од 200 степени.

Печениот компир се чува во рерна 5 мин. и се служи со кисела павлака.

 

Наздравје 🙂

- Реклама -