Неидентификуван човек со ранец бил виден во кулата, еден час пред нејзиното отворање за посетители, меѓутоа истиот уште не е пронајден.
Над стотина туристи чекаат да се качат на Ајфеловата кула, додека полицијата не дозволува пристап кон објектот.
Ајфеловата кула беше затворена изутринава, соопшти претствник на споменикот, без да даде други објаснувања. На Ајфеловата кула беа забележани пожарникари-спасувачи, но тие ништо не констатираа, според портпаролот на париските пожарникари.
Непосредно пред отворањето на споменикот, едно лице беше забележано со ранец на грбот. За да се разрешат сите сомнежи, кулата беше проверена и со помош на хеликоптер.
Ајфеловата кула веќе неколку пати беше евакуирана поради сомеж за терористички акт. Низ медиумите се споменува дека можеби се работело за екстремен спортист, кој само сакал да скокне со падобран, што се случило многупати досега.
Дали сте знаеле: Забрането е да ја фотографирате Ајфеловата кула, ноќе