Пазете на децата: Кадри од детски YouTube канали

Следниве скриншотови се собрани од еден мошне интересен сајт – The Vigilant Citizen. Самиот наслов на сајтот значи „буден граѓанин“, а базиран е на мотото „симболите владеат со светот, не зборовите, не правилата“. Баш како што насетувате од мотото, Vigilant Citizen е сајт што во секоја втора денешна поп песна, во секој втор музички спот, кај секој втор популарен пејач, во секој втор блокбастер, или во секаква друга форма на популарна медија – препознава скриени симболи, скриени пораки и задни намери, пред сé упатени кон масата, пред сé таа што е најподложна на влијанија – младите (од сите возрасти). На сајтот се спомнуваат елити, Илуминати, масони, перење мозоци, конспираси програми за контрола на мозоци (МК Ultra, на пример), марионети, ѓаволи, Сатана, демони и што ли уште не… Ако ве интересира, уклучете антивирусот наречен „скептичен и критичен ум“ и ѕирнете ги содржините.

Како и да е, откако ќе поминете извесно време на Vigilant Citizen или слични катчиња на интернет, и ќе ги елиминирате сите потенцијални глупости, лошо изведени заклучоци, фалични расудувања, измишљотини, непостоечки баба роги, блатантни лаги и сл., останувате соочени со два неизбежни факта.

Првиот факт е дека популарната медија, особено светската поп музика, е буквално бомбардирана со окултни симболи. Штом почнете внимателно да следите станува навистина језиво (србизам, во недостаток на збор што подобро го доловува чувството; „морничаво“ звучи премногу благо). На пример, не сте свесни колку е често намерното покривање на едното око (и евентуално поставување на друго/туѓо око на негово место). Или пак, симболи што асоцираат на Baphomet (окултен бог со изглед на получовек, со нозе, глава и рогови на јарец, со машки човечки раце и машки труп, со женски гради, и со ангелски/демонски крила) – козји глави, рогови, копита, јаречки бради и сл. Линк и слика од Baphomet намерно не ставаме, ама еве ви од Лејди Гага…

Вториот факт е дека на младите, особено децата и тинејџерите, упорно им се сервираат одредени типови на содржина, и тоа содржина која во добар дел ќе направи дури и вас да ви стане непријатно и тешко за гледање.

Дали зад тоа стојат одредени кругови (било да се елити или педофили) и тоа го прават намерно за да ги компромитираат умовите уште од рана возраст, или пак е сé тоа само случајност – е ирелевантно, барем во муабетов. Тоа што е релевантно е дека таквата содржина е страшно присутна на најдостапните платформи, особено на YouTube, и тоа токму на „детските канали“. Дури и на најнаивните детски видеа, често отстрана излегуваат „препораки“ кои уште од сам старт мирисаат дека нешто не е во ред, и дека тоа не е соодветно за детската возраст (да, да, препораките зависат и од содржините што ние самите ги гледаме, знаеме, ама не секогаш).

Пред да преминеме на скриновите, да се разбереме. Знаеме дека контекстот е важен, и дека без него нештата можат да добијат значење што реално го немаат. Ама ниту ние имаме време да ги гледаме и селектираме видео по видео, ниту пак вие ќе имате да ги изгледате ако ви понудиме листа. Башка што не сакаме ни да им правиме кликови. Ама, кога обемот на присуство на таквата содржина е вака голем, можеби и не се работи за „вадење од контекст“.

Поентата е дека реална опасност за децата – постои. Затоа, надгледувајте што гледаат и што прават кога „не ги гледате“. Толку е просто. Што се однесува до следниве слики, веруваме дека ќе ве поттикнат баш на тоа.

Мини му го сече увото на Мики.
Злобен Спајдермен ѝ сече прслук на некоја си девојка.
Има еден куп видеа на кои на детски ликови им се сече стомакот со скалпел. На мечево му вадат црв.
Овде „оперираат“ девојче. Од стомакот му вадат нож, меѓу другото.

 

Огромен шприц во задникот. Не ќе да е баш случајност. Видете следна слика.

А и мора ли толку припиени костуми и толку голотија?

Некои нема потреба ни да се коментираат:

Меѓу нив и хорор:

Има нешто и со сирените. Да, контаме, девојчињата сакаат сирени. Ама ни текнува и на некои други ликови што би го гледале ова.

Или ова:

Тоа до нив е веце шолја, ако не приметивте.

Скриновиве се земени од тука (се зборува за одредена мрежа на YouTube канали за девојчиња), и од тука (општо за детските канали).

- Реклама -