Вчера PayPal го престави новиот начин на плаќање, кој на корисниците им овозможува да купуваат и плаќаат производи директно од сајтот на трговецот, без да бидат префрлени на сајтот на PayPal за да го извршат своето плаќање.
Овој нов процес изгледа едноставен и се претпоставува дека ќе работи подобро за оние онлајн купувачи кои многу лесно се плашат, кога PayPal ги префрлува на својот сајт за извршување на плаќањето.
Оваа функција ќе биде достапна, како за десктоп компјутери, така и за мобилни уреди, а на почеток ќе се распространува од неколку големи партнери. Компанијата објасни дека очекува оваа нова функција да се користи од средните и малите онлајн трговци.
Овој едноставен начин на плаќање, изгледа како логичен чекор за компанијата, посебно ако се земе во предвид фактот дека веќе постојат апликации кои Ви дозволуваат да плаќате директно преку нив без да морате да излезете од самата апликација.
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk