PayPal не се плаши од Apple Pay

Најавата на Apple Pay беше еден од најважните моменти во презентацијата на компанијата пред неколку дена, но нејзиниот платежен систем засега не го плаши многу најголемиот потенцијален конкурент PayPal. 

Многу од карактеристиките кои Apple ги покажаа веќе се нудат од PayPal, но чистата тежина на гигантот значи дека никој не би требало да ја потцени платформата.

„Никој не може да го оспорува силните постигнувања на Apple, но онлајн плаќањето е  деликатна и тешка област “, коментира Роб Скинер од PayPal.

Според него, да  одржуваш платежен систем е многу потешко отколку да одржуваш еден стриминг на живо.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -