Адвокатот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева изјави дека е многу изненаден од тоа што вчера Катица била сведок, а денеска е уапсена. Стеван Павлевски нагласи дека вчера таа многу добро изјавила на сите прашања и обвинителот бил многу задоволен од одговорите.
– Јанева е жртва на случајот и таа тоа ќе го докаже. Таа во однос на мерките притвор беше многу либерална и очигледно некој тоа и го зел за зло – рече Павлевски.
Тој рече дека немало судир на интереси што ја бранел Јанева и Цветан Панделески обвинет во “Империја”. Според него човечки ќе е на Јанева да и се дозволи да оди на погреб на нејзината мајка која утре ќе биде погребана во Гевгелија.
Павлевски потврди дека Јанева имала семејна трагедија, односно почина член од нејзиното семејство.