„Очекувано“. Вака пратеникот и еден од предлагачите на Законот за амнестија за 27 април, Павле Богоевски ги коментира реакциите и критиките упатени кон него по изгласувањето на законското решение.
Во интервју за Пресинг Тв тој вели дека законот за амнестија е внимателно и прецизно утврдување на тоа чии постапки од 27 април можат да бидат амнестирани, а за чии постапки не може да има простување. Целта на процесот е отворање на вратите на евроатланските процеси, потенцира Богоевски.
„На долг рок мир без правда не е можен. Свесен сум дека законот кој јас самиот го предложив задира во правната држава, владеењето на правото, па дури и во работата на судовите, но не е противправен. Јас верувам дека ова нема биде тренд кој ќе води до тоа да води до тоа да нема правда во Република Македонија. На крајот на денот, овој закон, според моите првични пресметки ќе опфати 10 до 12 луѓе, но тоа е цената која треба да се плати за нашето евроинтегрирање. Ги сфаќам реакциите од јавноста. Очекував противење, критикување и одвратност од мои поранешни соборци, активисти за човекови права и членови на „Шарената револуција“, но како ќе поминува времето ќе се види дека овој чекор е исплатлив. Се работи за стратешки интереси“, вели Богоевски.