Патување по хороскопски знак

intro.jpg Идеалните патувања за секој знак, омилениот превоз и дестинација, како го поминуваат времето на одмор… Погледнете и видете дали тоа се совпаѓа со вашите желби. Можеби ќе добиете интересна идеја токму за ова лето.




Идеалните патувања за секој знак, омилениот превоз и дестинација, како го поминуваат времето на одмор… Погледнете и видете дали тоа се совпаѓа со вашите желби. Можеби ќе добиете интересна идеја токму за ова лето.

Овен
Ризикувам

Припадниците на првиот знак сакаат да знаат по малку за сé и сешто, па постојано ќе поставуваат прашања барајќи интересни информации и места. Нови интересни луѓе исто така, па не им е проблем да патуваат сами бидејќи oven.jpgстекнуваат куп познанства на самото патување.

Овните сакаат да откиваат нови места патувајќи со големи брзини. Ги бираат најбрзите начини за транспорт, најчесто воздушните. Вклучувајќи сé што може да го крене адренлинот, патувањето го претвораат во авантура. Не сакаат да им биде организиран секој дел од денот, па бираат да патуваат со свое возило и да се задржат на местото додека не им здодее, што се случува доста брзо.

Нивната енергија секогаш е на завидно ниво, па огнениот знак често оди да се „олади“ некаде на планина. Како и да е, почесто бираат неколку покуси патувања во текот на годината отколку класично летување.

Како роден лидер Овенот може и да избере место каде како волонтер ќе помогне во подобрување на некоја состојба и ќе има прилика да стане херој.
Дестинација: 15 дена во Европа минувајќи 5-6 држави во едно патување; било каде во Африка; кампување, планинарење или кајакарење.
Транспорт: Ако не одбере брз мотор, тогаш сигурно ќе се одлучи за спортски автомобил или екстравагантен велосипед.

Бик
Поседувам

Внимателно планира, па не е чудно и ако прегледа цел куп брошури и репортажи пред да се одлучи за некое место. bik.jpgСака да му се угодува, па  ги бира најквалитетните куфери, најдобрите хотели и највкусната храна. Бикот воопшто не штеди кога патува, па подготвен е долго да го чека патувањето за тоа да биде токму онакво какво што си го замислил. Не сака кратки или многу далечни патувања, приврзан е со удобноста на домот, па и сместувањето му е особено важно. Како љубител на луксузот обожува крстарења, а какво патување и да избере тоа ќе вклучува добра храна, безбедна околина и што помалку напорни активности.
Дестинација: Да се види Лувр во Париз; да се оди на опера во Ла Скала во Милано;  да се видат замоците крај реката Рајна… Која и да е дестинацијата мора да вклучува музеи, музика, добар хотел и уште подобро вино.
Транспорт: Удобен и практичен автомобил, за Бикот комфорот е секогаш поважен од изгледот.

Близнаци
Дознавам

Близнакот сака да види што повеќе за што пократко време и викенд-патувањето е како создадено за него. Секогаш bliznaci.jpgљубопитен, никако нема да лежи на плажа цел ден. Разгледувајќи сé што има наоколу сигурно ќе се спријатели со многу мештани. Не сака да патува сам затоа што мора постојано да разговара со некого. Ќе спакува што помалку може за да му биде полесно да смени неколку локации во текот на еден одмор.

Близнакот е одличен сопатник на групни тури бидејќи секогаш има информација за сé, лесно се здружува со луѓе и веднаш се снаоѓа во нова околина. Негова посакувана дестинација се големи градови каде ќе има со што да се занимава од рано наутро до… следното утро.
Дестинација: Големи градови како Лондон, Токио, Амстердам или Хонг Конг; патување низ Италија со посета на што повеќе градови и села; викенд кампување во близина на местото на живеење.
Транспорт: Сакаат да имаат избор –  автомобил, автобус, велосипед, па и ролери.

Рак
Негувам

rak.jpg
Ракот сака да го види светот, но баш и не сака да го напушти домот. Не бара многу и одлично раководи со парите кога патува, па ќе си најде занимација според сопствениот буџет. Секогаш се радува кога е крај вода, ужива да плива и да плови на брод. Не сака нови дестинации, па со години го посетува истото место и никогаш не му е здодевно.

Дестинација
: Секаде каде е мирно и има плажа.

Транспорт: Избира модели со своја историја, во идеален случај елегантни олдтајмери.

Лав
Настапувам

lav_2.jpg
Ќе потроши колку што треба само да не мора да се заморува. На патување Лавот сака да биде разгален, па се одлучува за добар хотел или спа одморалиште каде ќе ужива во бескрајни масажи и разубавувања. Дури и ако реши да кампува, Лавот ќе има најголем шатор полн со современи помагала како фен што работи на батерии.

Дестинација: На најмонденското место во моментот. Париз во пролет, модната недела во Милано во есен, на коцкање во Лас Вегас, во ноќните клубови во Лондон…

Прочитајте и:  (ВИДЕО) Кои се пријателите на ВМРО-ДПМНЕ Кои се пријателите на Доналд Трамп?

Транспорт: Посакува огромен мотор што создава многу бука. Што и да вози сака да биде побрз од сите други во сообраќајот.

Девица
Јас морам

devica.jpg
Пред да тргне Девицата мора да направи листа на сé што треба да спакува, сé што треба да се види на таа дестинација и евентуално што би можела да научи таму. Потсвесно секогаш чувствува малку вина поради потрошеното време и пари.

Дестинација: Во Швајцарија поради чистите улици и свежиот воздух од Алпите, некоја од скандинавските држави или друго место богато со историски споменици.

Транспорт: Возило со доволно голем простор за да ги собере сите нешта што сакаат да ги понесат со себе, а истовремено да не е премногу големо бидејќи не сакаат да отскокнува од останатите кога го паркираат.

Вага
Шармирам

vaga.jpg
Како создадена за гламур и луксуз Вагата дефинитвно нема да се одлучи за кампување. Ќе ја открие совршената понуда што и овозможува прекрасен одмор за прифатлива цена. Патувањето натаму мора да биде кратко, а престојот исклучително удобен. Не сака да патува сама, а може да и здодее ако остане на едно место подолго време.
Мора да биде внимателна со странската кујна бидејќи има чувствителен дигестивен систем.

Дестинација: На карневалот во Рио, во Хонг Конг, Непал, Мароко, Минхен.

Транспорт: Би се одлучиле за заеднички автомобил што ќе го користат со уште неколкумина. Не им е постојано потребен, сакаат да заштедат на бензин и не им пречи да се координираат со уште 2-3 возачи.

Скорпија
Се припивам

skorpija_mongolija.jpg
Скорпијата ги избира егзотичните места каде останатите вообичаено не патуваат. Сонува за пирамидите во Египет или Кинескиот ѕид, а ќе ги издржи сите климатски услови, но не и туристичките водичи. Сака чудни места, па затоа често патува сама.

Дестинација: Монголија, Сибир, Богота, Бомбај, Сиднеј или пак некаде каде ќе се ангажираат во заштита на животната средина, загрозените видови животни или нешто слично.

Транспорт: Скорпијата ќе се вози со воз, но не стапнува во автобус. Нема да лета со прва класа, но ќе нарача скап пијалок во бизнис класата. А каква кола и да има, сигурно ќе биде шик и атрактивна.


strelec.jpg

Стрелец

Истражувам

Стрелецот е роден патник кој ќе посети што повеќе места во текот на животот. Не одбива големи градови, мали селца, високи планини, неистражени острови, далечни земји… Неговиот одмор треба да биде разигран и забавен, а не тивок и повлечен.

Дестинација: А каде не? Того, Танзанија, Сејшелите, Кина…

Транспорт
: Уживаат да патува со воз, а не им пречи ни влечкањето по автобуси се додека одат на место што сé уште го немаат посетено. За нив транспортот е само средство да се стигне до поскауваната цел. Уживаат во дестинацијата, а не во возењето.

Јарец

Постигнувам

jarec.jpg

Јарецот ќе ја бара најприфатливата понуда, но нема да се ценка. Од патувањето очекува да искуси и научи нешто ново, па разгледува објекти со голема вредност како Таџ Махал, пирамидите, и дамнешни тврдини и замоци.
Сака височини и ужива да престојува на планински места.

Јарецот е секогаш расположен да потроши пари на убав сувенир.

Дестинација
: Виена, Мадрид, Монтреал, Санкт Петербург, Шангај
Транспорт: Го бираат наједноставниот начин, ако е автомобил ќе биде стабилен и сигурен, а онаму каде градскиот превоз е најдобра опција веднаш ќе си извадат карта.

Водолија
Бунтувам

vodolija_1.jpg
Водолијата ќе го прифати секој предлог за патувачки предизвик – што понеобично, толку подобро. Никогаш нема конкретен и однапред подготвен план и сака да посетува несекојдневни места. Водолијата би отпатувала и некаде каде ќе медитира и ќе го најде внатрешниот мир, но проблем е да се најде друштво за вакви идеи.

Дестинација
: Би пробале сé барем еднаш. Од Норвешка во зима до Сенегал во лето, од Аљаска до Јужна Африка…
Транспорт: Не се пребирливи за типот на возилото, и повеќе сакаат да бидат сопатници и да уживаат гледајќи го пределот околу нив.


Риби

Верувамribi.jpg

На прво место им се крајбрежни местенца каде ќе пливаат, нуркаат и пловат. Рибите се романтични и многу емотивни, па најмногу сакаат да патуваат со својот партнер. Бидејќи се многу сочувствителни ним повеќе отколку на останатите им влијае атмосферата на местото кое го посетиле.

Дестинација
: Ќе одат секаде каде се потрбени, на пример да им помогнат на гладните во Африка, или пак ќе одат да се релаксираат во место со богата култура и уметност.

Транспорт: Најсреќни се на брод, ќе прифатат сé од кајче до јахта се додека ги гледаат брановите околу нив.

 

- Реклама -